По вестa на Порталб, Универзитетот во Тетово го објави статутот на веб-страницата

Фото: Порталб.мк, Фисник Џелили

Без да поминат ниту 24 часа од објавувањето на веста во Порталб за одлуката на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер дека Универзитетот во Тетово постапил спротивно законот со тоа што не одговорил на нашето барање, УТ го објави својот статут на веб-страницата, пишува Порталб.мк

Многу важниот документ на Универзитетот во Тетово до вчера не беше објавен на веб-страницата на универзитетот, но потоа подоцна во денот тој беше објавен, по објавувањето од страна на Порталб одлуката на Агенција за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, со која беше констатирано дека УТ постапил спротивно законот со тоа што не ни ги доставил бараните информации.

Во делот Важни документи на веб-страницата на УТ сега е објавен статутот што претходно не беше. Статутот на УТ, на македонски јазик, можете да го најдете ако кликнете тука.

„Нашата редакција нема да престане да бара одговори и транспарентност од јавните институции за прашања кои се од јавен карактер и за кои граѓаните имаат право да знаат и да имаат пристап до јавните документи“, нагласува Порталб.мк.