fbpx

По веста на Порталб.мк, „депонијата“ меѓу двата универзитета во Тетово е исчистена

-

Еден ден откако Порталб.мк алармираше за ѓубрето насобрано во единствениот зелен простор помеѓу двата универзитета во Тетово и во дворот на едно средно училиште, Еколошкиот инспекторат изврши увид, а ЈКП „Тетово“ го исчисти просторот, но сепак делот на тротоарите не беше целосно исчистен. Ова место не беше исчистено кога го испративме барањето, туку откако барањето го објавивме јавно, пишува Порталб.мк.

Станува збор за населба во која живеат и престојуваат главно студенти и млади од странство кои студираат во Тетово.

Пред осум дена, новинарот на Порталб.мк за да ја тестира ефикасноста на Еколошкиот инспекторат и Јавното претпријатие „Тетово“, испрати барање до овие две единици за увид и чистење на овој простор.

Вака изгледаше просторот завчера:

Купишта отпад во близина на УТ и ЈИЕУ во Тетово. Фото: Порталб.мк, 24.02.2021.

Вака изгледаше вчера, еден ден по објавување на веста:

Фото: Порталб.мк, 03.03.2021.

Новинарот на Порталб.мк првично се обиде да го пријави случајот на наједноставниот начин објавен од Општина Тетово, за пријавување на проблеми поврзани со животната средина во овој град, преку електронскиот систем „E-report” и бројот 0800-55-043. Сепак, никој не одговори, така што оваа форма на пријавување, иако се наоѓа на главната страница на веб-сајтот на Општина Тетово – е нефункционална.

Веднаш потоа отидовме во зградата на Инспекторатот за животна средина во Тетово, а таму, една вработена ни рече дека сме на погрешно место и дека за да пријавиме загадувачи или купишта отпад, тоа мора да го сториме во архивата на Општина Тетово (во друг објект).

„Подобро одете во архивата на Општина Тетово, земете образец и поднесе барање. Јас би ви предложил вака“, му рече на новинарот на Порталб.мк вработената во Инспекторатот за животна средина во Тетово.

Инспекторат за животна средина на Општина Тетово. Фото: Порталб.мк

А во архивата на Општина Тетово го земавме образецот што мора да се пополни во отсуство на други современи средства за поплаки или барања кои се упатени до Еколошкиот инспекторат или Јавното претпријатие „Тетово“ кое управува со отпадот во Тетово.

Вака изгледа образецот:Сепак, , многу случаи на загадување на животната средина немаат епилог.

Некои од случаите за кои сторителите останаа неоткриени поради неспособност на инспекторатот за животна средина се палењето на тетовската депонија, палењето на отпадот во населбите „Блок 70“ и „Дарданија“, како и палењето на отпадот во „Ромската населба“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...