Фото: Принтскрин од Јутуб видео од емисијата „Минута до 12“

По тврдењето на актерката Даниела Штајнфелд која соопшти дека била жртва на сексуално злоставување од нејзиниот колега актер, режисер и поранешен министер за култура Бранислав Лечиќ, се огласи и новинарката Христина Стоиљковиќ.

Како што тврди Стоиљковиќ, со Лечиќ се запознала за време на емисијата „Една минута до 12“, а подоцна почнало „демнењето“ од Бранислав.

На својот Твитер профил, Стоиљковиќ ги сподели пораките кои ги добивала од Лечиќ.

„Прво, Лечиќ се поставува како да ти прави огромна чест што му се допаѓаш. А потоа еден куп пораки проследени со речиси секојдневно јавување. Со недели, дотичниот не беше премногу погоден што сите повици и пораки, останаа без одговор“, напиша таа.