По тројца ученици на една клупа во „Петар Здравковски Пенко“ во Општина Бутел

-

Основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во Општина Бутел, се соочува со голем број на ученици, поради недостаток на простор. Во ова училиште има 1.654 ученици, поделени на 65 паралелки на три наставни јазици, албански, македонски и турски јазик. Некои од албанските паралелки се пренатрупани, дури и со 37 ученици. „Порталб.мк“ го посети училиштето, на една клупа има и по тројца ученици, што го попречува учењето на децата.

Од друга страна, паралелките на македонски и турски наставен јазик, поради немање деца работат со по 10 ученици.

Родителите се жалат во врска со овој проблем, и вината ја гледаат во раководството на училиштето, со обвинување дека се прифаќаат деца кои не се од оваа населба, и на тој начин се преоптоваруваат паралелките.

„Многу деца кои се примени во училиштето не се од оваа населба, ги избегнуваат училиштата во нивна близина за да ги донесат своите деца овде. Јас не знам зошто се дозволува нивниот прием ако паралелките се веќе преполни со ученици и со тоа им нанесуваат штета на нашите деца, бидејќи наставниците не можат да работат со сите 37 ученици, во толку краток временски рока колку што трае еден час”, велат родителите , кои беа се насобрани пред училиштето чекајќи ги нивните деца да ја завршат наставата.

Раководството очекува одговор од Министерството за образование на нивната реакција за поделба на паралелката која го брои повеќе од 34 ученици.

Директорот на основното училиште „Петар Здравковски-Пенко“, Енис Мемети за „Порталб.мк“ вели дека интересот на децата за запишување во ова училиште е огромен, а сега е поднесено барање и во општина и во МОН за проширување и зголемување на бројот на паралелки.

„Ние сме во разговори со општината и МОН идејата е од порано, но дојде до политички турбуленции сега кога повторно почнавме со нашето барање. Пред две недели имавме средба со Министерот за образование, Арбен Адеми и ја обновивме оваа идеја, и верувам дека до следната година таа ќе биде во програмата на МОН, за проширување на објектот на нашето училиште”, рече Мемети.

Тој додаде дека поради вработените и барањата од родителите за да ги запишат децата во ова училиште, една паралелка го надминува бројот пропишан со закон, што е 34 ученици, и дека до Министерството е поднесено барање за поделба на истата.

„Имаме добар наставнички кадар и затоа родителите брзаат да ги запишат децата кај нашите најдобри наставници. Има една паралелка со повеќе од 34 ученици и ние веќе имаме поднесено барање за поделба, па сега чекаме одговор од Министерството за образование и наука ја имаме поднесено потребната документација за оваа поделба. Да се отворат дури пет паралелки во прво одделение, тие веднаш се пополнуваат, интересот е огромен“, додаде Мемети.

Согласно законот на Министерството за образование и наука, минималниот број ученици во еден клас е 24, а максималниот 34, но паралелки може да се формираат и со помал број ученици доколку се исполнат условите.

Родителите бараат МОН да ја подели паралелката која го надминува бројот на ученици предвидени со закон,  а раководството на училиштето да го применува законот и да не дозволи надминување на бројот на ученици за време на уписот како и да се зголеми простор на објектот согласно потребите.

Секој родител кој има поплаки за нерегуларности во основните училишта на Македонија може да го пријави случајот во два сектори и одговорни лица во Министерството за образование и наука.

Секторот за основно образование има две единици Единица за основно образование
и Единица за финансирање на основното образование и развој на кариера. Раководител на сектор е Елена Ивановска +389 2 3117 896 [email protected].

Во Сектор за стандарди на учениците и студентите постојат Единица за стандард на учениците и Единица за стандард за студентите.Одговорни лица за овие сектори се Ќенан Сали +389 2 3117 896 [email protected] и Џемиле Идризи +389 2 3117 896 [email protected]

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги нудат домашните...

Огромен број граѓани на протестот во Белград, пристапот до Собранието отежнат, силно полициско присуство

Додека протестот во Белград се разгорува, атмосферата останува напната, пишува српски Данас.рс. Студентите во блокада, кои го повикаа протестот, објавија дека главниот собир ќе се одржи пред Собранието на Србија, како...

Мицкоски не очекува прелевање од Србија, но подготвен е да помогне ако некој побара помош

Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со големиот...

Напната атмосфера во Белград – распоредена полиција, но и воени ветерани, има инциденти

Реки луѓе се слеваат кон центарот на српскиот главен град, додека големиот се интензивира, а во градот се распоредени големи полициски сили. Денес во 16 часот ќе започне протестот пред Народното...

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги...