fbpx

По три години, повторно преговори за името

-

Средбата на преговарачките тимови на Македонија и на Грција за спорот за името ќе се одржи денеска и утре во Брисел.Посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, по тригодишна пауза, ќе се сретне со претставниците на двете земји Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

Средбата, како што најави канцеларијата на Нимиц, е дел од напорите на ОН да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името.

На разговорите во Брисел, Наумовски ќе го придружува дипломат од МНР, а во ист формат кој е договорен со Нимиц, ќе биде и од грчката страна. Предвидено е медијаторот денеска да има одвоени средби со претставниците на двете земји, а утре во зависност од текот на разговорите, да биде одржан и заеднички состанок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...