fbpx

По шест години, Македонија може да ја загуби препораката за преговори

-

Во телефонски разговор за телевизија „Телма“, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, вели дека Македонија може да ја изгуби препораката за почеток на преговори со Европската унија ако не ја реши политичката криза.

Тој предупредува дека во Унијата се зголемува скептицизмот за демократските капацитети на Македонија и можно е по шест години, земјата да ја изгуби препораката за почеток на преговори.

– Не треба да се има некаква илузија околу тоа. Има многу луѓе во ЕУ кои веќе се сомневаат во тоа дали Македонија е партнер со кој во овој миг може да се преговара ако во таа држава не функционира парламентот, ако нема некој базичен договор за приоритетите на државата – изјави Вајгл за телевизија „Телма“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...