Собранието на Република Македонија денеска, по речиси 40 дена, ќе одржи пленарна седница. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 23 септември ја прекина 15. седница, на која се расправаше за законот употреба на јазиците.
Паузата беше поради локалните избори, а пратениците на денешната, 18. седница, ќе расправаат за испраќање припадник на АРМ во меѓународните мировни сили во Либан (УНИФИЛ), но и за повеќе барања за автентично толкување на членови на закони.
Сите барања за автентично толкување се поднесени од претходни градоначалници, а откако Собранието ќе го даде своето толкување, тоа би требало да биде прифатено од новите општински раководства.