По протестот на семејствата на жртвите од Кочани, обвинителството со отворен повик до јавноста

По средбата со семејствата на жртвите од пожарот во „Пулс“, Обвинителството уверува дека истрагата е темелна и ги опфаќа сите можни одговорности. Истовремено, се повикува јавноста да достави информации и докази што можат да помогнат во расветлувањето на трагедијата

-

Еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загнаа 62 главно млади лица, и по средбата со семејствата на загинатите на денешниот протестен марш во Скопје, Јавното обвинителство објави отворен повик за информации, докази и лични сведоштва.

На веб-страницата на обвинителството (jorm.gov.mk) е поставен формулар кој како што соопштија од таму, граѓаните можат да го пополнат и да го испратат на електронската адреса [email protected].

„Врз основа на релевантноста на податоците, подносителите ќе бидат контактирани од страна на истражниот тим“, наведуваат од Обвинителството.

Претходно јавниот обвинител, Љупчо Коцевски и тимот на обвинители кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ се сретнаа со дел од семејствата на жртвите. Како што велат тие ги информирале за текот на истражната постапка и идните чекори.

На средбата, обвинителите одговориле на сите прашања и дилеми на присутните роднини и, како што информираат од Обвинителството, ги увериле семејствата дека се води сеопфатна истрага која ги опфаќа сите можни аспекти на одговорност за трагичниот настан, во кој животот го загубија 62 лица.

„Семејствата бае запознаени и со претстојната фаза на распити на оштетените, кои ќе започнат во наредниот период“, велат од Обвинителството.

Обвинителството најави дека се интензивираат истражните дејствија, меѓу кои и вештачења чии прелиминарни резултати се очекуваат во следните неколку дена. Како што велат, во постапката се вклучени експерти од повеќе области и се користат сите расположливи капацитети на истражните органи.

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Шест бугарски државјани беа осудени на затвор од страна на Кралскиот кривичен суд во Лондон (Old Bailey) поради шпионажа во корист на Русија, со што, според британските власти, сериозно ја загрозиле...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската...