Хоспитализирани се вкупно 13 лица кои го гаселе пожарот кој избувна вчера во фабриката за кандиарни производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница, информираат во Министерството за здравство.
„Хоспитализирана е една пожарникарка во Клиничката болница во Штип, четворица пожарникари се во општата болница во Кочани и осум лица вработени во фабриката се хоспитализирани на Клиниката за токсикологија во Скопје. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба“, информираат во министерството.
Вo Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека пожарот е целосно ставен под контрола. Опожарени биле три линии означени како 6, 7 и 8 (од кои два магацини), а сите имале сончеви панели на покривот.
