По падот на Асад, се спасуваат сиријци затворени во подземни ќелии на затворот Седнаја

Асад вчера тајно го напушти Дамаск со авион и замина во непознат правец

-

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се прославува на улиците низ многу градови на Европа и светот. Сиријците и денеска спасуваат преживеани од озлогласениот сириски затвор Седнаја, каде се откриваат луѓе чувани во подземни ќелии. Меѓу нив има на мајки со мали деца. Ослободувањето на затворениците се споделува преку видеа на Здружението на затвореници и исчезнати во затворот Седнаја (ADMSP) со седиште во Турција.

Во меѓувреме, Советот за безбедност на Обединетите нации најави дека во текот на денот ќе одржи итна седница на која ќе расправа за падот на режимот на претседателот Башар ал- Асад во Сирија. Состанокот бил побаран од Русија, за која се наведува дека им понудила азил на Асад и неговото семејство во Москва.

Асад вчера тајно го напушти Дамаск со авион и замина во непознат правец. Ројтерс објави изјави на двајца високи офицери на сириската армија, кои потврдија дека Асад се качил во авион на сириската авиокомпанија на аеродромот во Дамаск во неделата. Руските медиуми денеска објавуваат дека тој и неговото семејство добиле азил во Русија. Русија беше верен сојузник на Асад и претходно интервенираше во граѓанската војна во Сирија во обид да го задржи на власт.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...