fbpx

По осум месеци од поставувањето на скелињата, почнаa работите на фасадата на „Цветан Димов“

-

По осум месеци од монтирањето на скелињата околу средното училиште „Цветан Димов“, ветената реконструкција на објектот во Чаир, почна дури вчера. Почетокот на работите го објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пренесува „Порталб“.

Шилегов рече дека фасадата ќе има посебен визуелен стил, во кој доминира стакло.

-Новата енергетски ефикасна фасада на „Цветан Димов“ ќе има специфичен визуелен и естетски стил, односно ќе биде стаклена со алуминиумски композитни панели во боја. Оваа реконструкција ќе заштеди енергија и полесно ќе се одржува температурата во зимскиот и во летниот период во училиштето. Учениците и професорите ќе имаат поквалитетни и подостоинствени услови за настава – рече Шилегов.

Работата со реконструкцијата на фасадата инаку се завлечка многу. Град Скопје на прашањата од „Порталб“ во февруари одговори дека работите не се започнати поради атмосферските услови, но не одговорија колку чини проектот, кога ќе се реализира и колку се плаќа за скелињата месечно и колку пари досега се фрлени во ветер поради пролонгирањето на почетокот на реконструкцијата на училишната фасада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...