Откако Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер усвои одлука со која констатира дека Општина Тетово назаконски ги прикривала податоците за Општинскиот инспекторат, по една година оваа Општина со која раководи Теута Арифи, беше принудена да ги објави податоците во врска со нивното работење и другите вработени кои примаат плата од граѓаните, пренесува „Порталб.мк“.

Според информациите кои ги обезбедил порталот, Инспекциската служба на Општина Тетово има вкупно 41 вработени лица, од нив вкупно 21 се инспектори сите со високо образование, а 19 други лица се вработени во различни позиции сите со средно образование, само еден со факултет. Најмладиот од вработените е на возраст од 27 години, а највозрасниот има 65 години. 31 од нив се Албанци, а 10 се  Македонци, 31 се мажи и 10 се жени.

Инспекциската служба во Општина Тетово располага само со едно возило, а нивното работно време е од 08 до 16 часот. После редовниот распоред нема инспектори кои редовно работат ниту дежураат во текот на ноќните часови, но има вработени во Одделението за инспекциски надзор кои работат во втора смена со работно време од 16 до 22 часот и тоа според одлуката на Владата поради преземање на соодветни мерки за аерозагадувањето во зимскиот период.

Од 41 вработени во ова Одделение, вкупно има 21 инспектори шест инспектори се за животна средина, четири инспектори за образование, тројца градежни инспектори, двајца инспектори за патишта, двајца инспектори за технички работи, еден инспектор за образование угостителство и туризам, итн.

Потсетуваме дека градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи во текот на кампањата се обврза за транспарентно раководење со општината и дека секогаш ќе бие отворена за медиумите. Во предизборната дебата #ДебатаНавистиназаТетово (#DebatPërnimepërTetovë) организирани од страна на „Порталб.мк“ и партнери, на прашањето на новинарката Јета Џара дали општината ќе има портпароли и дали истите ќе се јавуваат на телефонските повици на новинарите, Арифи одговори дека “општината веќе има портпароли, кои и сега и во иднина ќе продолжат да се јавуваат на телефонските повици на новинарите”.

Сепак „Порталб.мк“, мораше да чека една година јавување за да ги добие погоре објавените одговори.