Фото: Порталб.мк

Веднаш по објавувањето на информацијата на „Порталб.мк“ во врска со обидот за узурпирање на јавен имот за изградба на тераса од страна на пекарницата „Пекон“ во Тетово, градежната механизација е отстранета, а сопственикот на ресторанот истакна дека терасата нема да се гради. Од СВР Тетово потврдија дека добиле поплаки од граѓани во врска со ова и дека наредиле отстранување на работните алатки.

Сопственикот на пекарницата „Пекон“ за „Порталб“ потврди дека механизацијата за изградба на оваа тераса е отстранета и дека нема да се гради како што беше претходно планирано.

Од Секторот за внатрешни работи истакнаа дека добиле поплаки од граѓани за узурпација на јавен имот меѓутоа додаваат дека припадници на полицијата си ја завршиле работата и останатото е оставено на Пазарниот инспекторат.

„СВР прими поплаки од граѓаните за ова, припадниците на полицијата излегоа на терен и го фотографираа местото, веднаш потоа наредија отстранување на механизацијата. Сепак, ова е во надлежност на пазарниот инспекторат, тие ќе одлучат за понатамошните мерки“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР во Тетово.

Инаку, станува збор за пекарницата „Пекон“ кој се наоѓа на 50 метри од зградата на Општина Тетово, а работите за изградба на оваа тераса започнале во неделата и се стопирани еден ден подоцна.

Инаку, редакцијата на Portalb.mk континуирано информира за феноменот на узурпација на јавните простори во градот Тетово како: центарот на Тетово, тротоарите околу Зелениот пазар, нелегалниот пазар на добиток на влезот во градот, стари автомобили и последниот идентификуван, мостот кај Горната чаршија. Тротоарите наменети за пешаци, од страните на мостот се узурпирани од продавачи на овошје и зеленчук, но и на разни други производи.