Тропската бура Офелија, која се формира над Атлантскиот Океан, е 15. именувана бура во текот на оваа сезона, јавува „Си-ен-ен“.
Телевизиската мрежа јавува дека Офелија засега не претставува закана за САД.
За потсетување, во текот на сезоната на урагани годинава најопасни беа Ирма, Марија и Хозе. Пред неколку дена до брегот на САД пристигна и тропската бура Нејт, која во Централна Америка однесе 25 животи.