fbpx

По Димитров, ВМРО-ДПМНЕ најавува интерпелација во Собранието за Николовски и Маричиќ

-

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација во Собранието на РСМ за министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за спречување корупција Љупчо Николовски, најави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. Причина за ова, како што рече тој, се катастрофално лошите резултати со корупцијата по објавеното рангирање од Транспаренси Интернешнл.

„Вклучен е црвениот аларм одамна. Потребни се оставки, најпрвин од таканаречениот вицепремиер за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ, затоа што не само што не се изборија со корупцијата, туку истата е засилена“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

На прес-конференцијата тој рече дека партизираната администрација, политизираното обвинителство и заробеното судство го испорачале својот данок. Македонија била земја којa од светот е гледана како црна дупка во Европа, точка на криминал, рекет, мито и корупција.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ кон крајот на минатата година, ја поднесе првата интерпелација против член на новата влада на СДСМ и на ДУИ, односно против вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, поради блокадата од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ. Оваа интерпелација е на дневен ред на една од седниците на Собранието кои се почнати, но не се завршени.

Од владејачката партија СДСМ веќе излегоа со став дека извештајот на Транспаренси Интернешнл ја претставуваат перцепцијата на граѓаните во однос на борбата против корупцијата.

„Сведоци сме сите дека 11 години корупцијата навлезе насекаде во нашето општество. Граѓаните очекуваат силна борба против корупцијата и секако очекуваат судски разрешници, но ние и граѓаните сме сведоци за режимските инсталации во сите нивоа од правосудниот систем“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов пред два дена.

Од СДСМ велат дека најавиле прочистување на судството, тоа и се случува. Воедно, тие сметаат дека перцепцијата на граѓаните за корупцијата ќе се менува со секоја наредна судска одлука, а сметаат дека Собранието поставило добра основа да правосудните органи одлучуваат растеретени од било какви партиско-политички притисоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...