fbpx

Под дејство на алкохол и марихуана, со Фордот на татко му згазил велосипедист и го оставил да почине

-

Возач на возраст од 25 години кој немал возачка дозвола, но во крвта имал алкохол и тетрахидроканабилнол, со автомобил Форд фокус во сопственост на неговиот татко прегазил велосипедист и веднаш го напуштил местото каде се случила несреќата, соопшти Основното јавно обвинителство.

Како што соопштија оттаму, осомничениот на 4 декември, управувал со автомобилот на неговиот татко, без да поседува важечка возачка дозвола, под дејство на алкохол од 1,65 промили и со присуство на тетрахидроканабинол во крвта и урината.

„Тој на крстосница на улицата „Маџари“ со улицата „Палмиро Тољати“ не почитувал поставени знаци за пат со првенство на минување, а брзината на движење не ја приспособил кон состојбата и условите на патот и кон густината на сообраќајот. Свесен дека поради ова може да настапи штетна последица, се согласил со нејзиното настапување, па со возилото со кое управувал удрил во задниот дел на велосипед марка „РОГ“, управувано од едно оштетено лице. По несреќата, наместо да укаже помош, осомничениот веднаш го напуштил местото. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место“, соопшти Основното јавно обвинителство.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и очевидците на несреќата, како и оправдан страв дека тој би можел да го повтори кривичното дело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...