По целосното затемнување вечерва, утре пред зори ќе се појави „Крвавата месечина“

Фото: Мартин Адамс / Unsplash

Утре во раните утрински часови, Земјата ќе се најде точно на средината помеѓу месечината и сонцето, по што ќе може да се просведочи најневеројатната глетка на небото, „Крвавата месечина“, пишува Би-би-си.

Откако Земјата ќе се најде меѓу сонцето и единствениот природен сателит, месечината ќе падне во целосна сенка на Земјата и ќе го достигне своето целосно затемнување во миговите пред да добие темно црвена боја.

Оваа магична глетка што се појавува на секои две ипол години ќе биде видлива со голо око пред зори во поголемиот дел од Европа, а според предвидувањето забележано на официјалниот веб-сајт, timeanddate.com, потемнувањето на месечината во Скопје ќе започне во 03:32, а најцрвена ќе биде во 05:11 часот.

Месечината ќе се појави поголема од вообичаено бидејќи ќе се најде на најблиската точка до земјата по што се нарекува Супер Месечина. Единствената сончева светлина што ќе успее да дојде до месечината при целосното затемнување ќе се пробие преку атмосферата на Земјата.

„Ќе го видиме секое изгрејсонце и секое зајдисонце на Земјата во еден единствен миг. Целата светлина ќе биде претставена на Месечината“, изјавил за Би-би-си др. Грегори Барун, астроном во Кралската Опсреваторија во Гринич, Лондон.