По американските царини, Макрон повика на запирање на инвестициите во САД

Францускиот претседател, Емануел Макрон, рече дека одлуката на Трамп да воведе царини е „брутална и неоснована“ и се чини дека повикува на суспензија на француските инвестиции во САД додека не се разјаснат царините

-

Европските лидери ги оценија тарифите на Доналд Трамп како „фундаментално погрешни“ и велат дека создаваат „огромна тешкотија за Европа“, додека апелираа за последни преговори за да се избегне сеопфатна трговска војна, пишува Гардијан.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, рече дека одлуката на Трамп да воведе царини е „брутална и неоснована“ и се чини дека повикува на суспензија на француските инвестиции во САД додека не се разјаснат царините.

„Идните инвестиции, инвестициите најавени во последните недели, треба да бидат суспендирани на одредено време додека не се разјасни ситуацијата со САД“, рече Макрон на состанокот на француските компании. Тој предложи и мерки против американскиот технолошки сектор каде што САД имаат огромна корист од Европа.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, ги осуди „протекционистичките“ тарифи на Доналд Трамп, велејќи дека тие се „спротивни на интересите на милиони граѓани од оваа страна на Атлантикот и во САД“.

Во силно формулиран и пркосен говор во четвртокот наутро во Мадрид, Санчез рече дека американската администрација не прави разлика меѓу пријатели и непријатели.

Санчез ги опиша тарифите како „невиден“ и „едностран“ напад на САД врз Европа/

„Враќањето на протекционизмот од 19 век не е паметен начин за справување со предизвиците на 21 век,“ кажа Санчез.

Францускиот премиер Франсоа Бајру рече дека царините се „огромна потешкотија за Европа“, како и „катастрофа за САД и за американските граѓани“.

Урсула фон дер Лајен, ги опиша тарифите како „голем удар за светската економија“ и рече дека ЕУ е подготвена да одговори, но го повика Трамп „да премине од конфронтација кон преговори“.

Се очекува ЕУ да возврати со тарифи за американските потрошувачки и индустриски стоки – кои веројатно ќе вклучуваат симболични производи како што се сок од портокал, сини фармерки и мотори Харли Дејвидсон – во средината на април, како одговор на тарифите за челик и алуминиум што претходно ги најави Трамп.

Американскиот претседател во средата објави царина од 20 отсто за извозот од ЕУ во САД, како дел од сеопфатниот сет на мерки насочени кон земјите низ целиот свет.

ИзворThe Guardian

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа во одговорот...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа...