По 30 години Пинк Флојд со нова песна за поддршка на Украина

Фото: Принт-скрин од видео спот на песната Hey Hey Rise Up

Рок групата Пинк Флојд во состав на гитаристот Дејвид Гилмор и тапанарот Ник Мејсон заедно со украинскиот пеач Андреј Хливнук од бендот Бумбокс сними нова песна, „Hey Hey Rise Up“ што беше официјално објавена денес.

Ова е прв пат по временска пауза од три децении, прогресивниот рок бенд да извади своја авторска музика, и тоа го направи заедно со Хливнук кој неколку недели претходно беше ранет борејќи се против руската агресија.

Сите финансиски средства кои ќе се соберат преку песната ќе бидат донирани на организации во Украина.

Главниот гитарист, Дејвид Гилмор во 2015 година имаше настап со украинскиот бенд Бумбокс и одлучил да го контактира Хливнук и да му го предложи својот концепт да го вметне неговото видео во новата песна.

„Му пуштив малку од песната, по што тој ми го даде неговиот благослов. И двајцата се надеваме да направиме нешто заедничко во иднина“, изјавил гитаристот кој зборувал со Хливнук додека тој сѐ уште бил во болница, пренесува Ал Џезира.

Покрај членовите на Флојд, во песната свират и Гај Прет – бас гитара, а Нитин Сауни – синтисајзер.

Всушност, Гилмор има снаа и внуци украинци и неговиот став ов врска со воените случувања во Украина е во знак на поддршка за целиот украински народ и дека целиот свет мисли дека е навистина погрешно што голема моќ како Русија одлучи да нападне независна демократска земја како Украина.

Рок групата Пинк Флој прв пат е формирана во Лондон во 1965 година. Во првиот состав влегуваат Дејвид Гилмор (гитара), Роџер Ватерс (бас), Сид Берет (гитара), Ричард Рајт (синтисајзер) и Ник Мејсон (тапани). Бендот има реализирано 15 студиски албуми во жанровите прогресивен, психоделичен и експериментален рок.