По 27 години бегство во Грција е уапсен Ацо Боцевски – Циганот

Аце Боцевски во 1998 година е осуден на 15 години затвор за убиството на Сеат Ибраими во центарот на Скопје. Откако беше пуштен во куќен притвор избега од државата. Против него беше распишана една од најстарите меѓународни потерници на МВР

-

Македонскиот државјанин Ацо Боцевски, познат под прекарот „Циганот“, кој беше во бегство повеќе од две децении, е уапсен во грчкиот град Катерини, потврди МВР. Од полицијата велат дека денеска  нивните грчки колеги ги извесиле дека го лишиле од слобода Боцевски.

„Денеска (26.05.2025) од страна на грчката полиција сме известени дека го лишиле од слобода Ацо Боцевски кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен суд Скопје І од 30.06.1998 година за издржување казна затвор во траење од 15 години за извршено кривично дело по член 123 (убиство) од Кривичниот законик на РСМ“, велат од МВР.

Боцевски беше осуден за убиство на Сеат Ибраими, извршено среде бел ден во ноември 1997 година во центарот на Скопје. На убиството му претходела кратка автомобилска брканица низ скопските улици, по што Ибраими, управувајќи „мерцедес“, излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Кјуби“. Боцевски, кој управувал „корвета“, застанал зад него, излегол од возилото, и ладнокрвно го застрелал Ибраими со повеќе истрели, испразнувајќи цел шаржер од пиштолот.

Принтскрин од МВР

Иако беше осуден, Боцевски побегна откако му беше дозволен домашен притвор, и со години успешно го избегнуваше органите на прогонот. За него беше распишана една од најстарите меѓународни потерници на веб-страницата на МВР.

Со неговото апсење, се очекува екстрадиција во Македонија, каде треба да ја доиздржи затворската казна.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...