По 17 години барање, гејмањето стана официјален спорт во Македонија

-

Агенцијата за млади и спорт (АМС) го призна електронскиот спорт (Еспорт) за официјален спорт во државата. Директорот на АМС, Наумче Мојсоски денеска му врачи „Решение за дејност спорт“ на претседателот на Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) и генерален секретар на Меѓународната Еспорт федерација, Бобан Тотовски.

„Навистина ми е голема чест и задоволство што денеска и официјално еспорт федерацијата станува дел од мк спортот. Навистина ми е драго што сме согласни за сите услови и предизвици кои ги носат новите времиња. Сакам да истакнам дека сите спортови во нашата земја имаат и во иднина ќе имаат силна поддршка од Агенцијата за млади и спорт“, изјави директорот на АМС, Наумче Мојсоски.

За претседателот на Македонската Еспорт Федерација, Тотовски, овој чин претставува потврда на тоа дека земјава ги следи светските движења.

„Кога во 2005 година почнавме со мисијата за официјализација на Еспортот, искрено, не се надевавме дека ќе требаат 17 години. Во ниту еден момент не изгубивме надеж и мотивација да ја постигнеме целта, а тоа е да го официјализираме Еспортот како спорт“, вели Тотовски.

Според него, сега започнуваат вистинските предизвици за развој на македонскиот Еспорт.

Благодарение на експертизата и советодавните тела на АМС и согласно дадените насоки, Македонската Еспорт Федерација во изминатиот период работеше на имплементација на спортските стандарди во согласност со Законот за спорт, како и адаптација на внатрешната структура и интерно-организационите процеси.

МЕСФ е 66-та официјално призната Еспорт федерација глобално, имајќи предвид дека истовремено е и една од 10-те прво формирани еспорт федерации во светот. Македонската Еспорт Федерација е формирана 2009 година и е членка на Меѓународната Еспорт Федерација и на Европската Еспорт Федерација.

Досега наши учесници биле дел од 15 меѓународни првенства. За прв пат во историјата на Македонската Еспорт Федерација, изминатата година македонски натпреварувачи се закитија со два златни медали и станаа европски и светски шампиони во CS:GO.

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет...