По 10 дена дожд во земјава, од утре следува период на сончево време со повисоки температури

-

Облачно со локални врнежи од дожд во претпладневните часови е временската прогноза за денешниот ден во земјава, но ова ќе биде и последниот врнежлив ден. По 10 дождливи дена во континуитет, од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат потопло време со многу повеќе сонце во наредниов период.

Веќе утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во постепен пораст следниве денови, па така максималната температури во земјава утре ќе се движи од 8 до 18 степени, во понеделник ќе изнесува од 13 до 20 степени, додека во вторник и среда делови од земјава ќе имаат температури и од над 20 степени. Времето ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер.

Инаку, обилните врнежи од дожд кои ја зафатија земјава се добредојдени за земјоделците по подолготрајната суша од изминатово лето, но и за полнење на испразнетите корита на реките, како и езерата и вештачките акумулации низ земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...