fbpx

По 1.000 денари плус во април и во мај за корисниците на социјална помош

-

Околу 30.000 постоечки корисници во системот на социјална заштита ќе добијат износ од плус 1.000 денари, во април и во мај, како и дополнителна исплата на енергетски додаток за тој период.

„За да добијат минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост за лицата ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи од сите членови на домаќинството, сметано од последниот месец, наместо од досегашните три месеци. Оваа мерка ќе трае два месецa, април и мај 2020“, рече заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, на прес конференција во Владата.

Според дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ, со новите мерки на МТСП се опфатени и децата од семејствата без, или со ниски приходи, кои ќе добијат добијат дополнителна поддршка.

„Владата донесе уредба за престанување на важење на условот за потврда за редовност за исплата на додатокот за образование за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година. Тоа значи дека исплата на образовен додаток ќе добијат околу 17.000 деца“, рече Шкријељ.

Таа додаде дека се продолжени и роковите за поднесување на барањата за остварување на право на еднократна парична помош за новороденче, за родителски додаток за трето дете и за четврто дете. Барањата може да се поднесат за три месеци, по истекот на вонредната состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...