Пломп: Следен чекор е што е можно поскоро формирање влада

-

„Мислам дека е позитивно што конечно Собранието се конституираше и успеа да избере спикер, што беше препознаено и од ЕУ и од САД. Сметам дека следен чекор е формирањето влада, што е можно поскоро, за да ја придвижи земјата напред“, изјави амбсадарот на Холандија во Македонија, Ваутер Пломп, за телевизијата „Алсат-М“.

Тој смета дека какво било друго сценарио нема да биде од корист за Македонија и за нејзините граѓани.

„Се надевам дека државните интереси ќе бидат ставени над личните и над партиските интереси. И на крајот, мислам дека парламентот е место каде што треба да бидат разменети различни мислења, треба да има здрава дебата која ќе ја придвижи земјата напред“, додаде Пломп.

Холандскиот амбасадор вели дека бил шокиран кога слушнал што се случувало во Собранието во четвртокот вечерта.

Тој додава дека следен чекор би бил „целосна истрага и гонење на извршителите на сериозни кривични дела, како и евентуално на тие што олесниле или не сториле доволно да спречат тоа да се случи.

„Мислам дека тоа е нормален тек на настаните во секоја земја без разлика дали е или не е членка на Европската Унија. Но, би рекол дека е важно за земја која има аспирации да стане членка на ЕУ“, додаде Пломп.

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да се пријават...

Владата ги повика на консултации невладините организации за Извештајот за состојбата на НВО во 2024 година

Владата денеска упати јавен повик до невладините организации да земаат активно учество во изготвување на Извештајот за условите во кои работеа невладините организации во 2024 година. „Одделението за соработка со невладини организации...

Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од утре ќе престојува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од...

Наставниците немаат доволно ресурси за да реализираат настава, утврдиле инспекторите

Во училиштата нема доволно дидактички материјали и дидактички ресурси за реализирање на наставата на сите наставни јазици (во тој опфат спаѓаат и асистивни технологии за ученици со посебни образовни потреби). Специјализираните...

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да...