Единствен од амбасадорите што даде изјава за медиумите по средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери, беше амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп. Тој кратко изјави дека средбата била одлична и дека во неделата што претстои, се очекува позитивен развој на настаните.
– Немам порака во моментот, но имавме многу добра, охрабрувачка, одлична средба и се надеваме на позитивен развој на настаните во неделата што претстои – рече амбасадорот Пломп.