Hollow Knight: Silksong беше една од најдолго очекуваните платформски игри која излезе неодамна и направи вистински бум во метрованија жанрот, и е врвот помеѓу сите скорешни платформски игри, со преку 84.000 позитивни препораки на Steam и оценки „Very Positive“.
Додека првата игра насловена како Hollow Knight ја има оценката Overwhelmingly Positive (Воодушевувачки Позитивна игра) со критики од преку 150.000 гејмери на Steam.
Како и првата игра во серијалот Hollow Knight, и Silksong e исто така рачно цртана и анимирана, со впечатливи нивоа, интересни механики за играње и одлична музика.
Во првата игра главниот лик беше само шупливо возило за контрола кое расте во физичка сила и способности како напредувате низ играга. Но во Silksong има главен протагонист којшто е женско и се вика Хорнет.
Главното оружје што Хорнет го користи е игла за шиење која и ja користи како меч, или за отклучување и заглавување механизми, но исто така кога се релаксирате со ликот во играта за што има посебни места за одмарање може и да свирите на иглата како на контрабас и таа вибрира и прави музика.
Ова најчесто се случува во близина на NPC карактерите од играта -кои се посебни личности во приказната. Играчите на играта дури и емотивно се врзуваат со овие споредни ликови со кои може да се разговара и тргува. Сите добри минијатурни жители на овој свет многу потсетуваат на Кодама духчињата на дрвјата од анимето Принцезата Мононоке, но во уште поминијатурна форма и графички дизјан. Следното видео е пример за таа појава на емотивно врзвување со NPC карактери.
Играта знае да биде и доста тешка и баш поради тој предизвик што потсетува на Souls игра во жанрот на метровенија платформери е доста играна ширум светот и исто така поради тоа што не захтева многу добра конфигурација, но и цената на играта не е астрономска и покрај хајпот и популарноста.
Компетитивноста кај гејмерите околу прашањето кој може да направи најкраток спидран (најбрзо „вртење на играта“) на играта Silksong, без да загине ниеднаш и без поголеми грешки е веќе бајаги популарна активност и кратко време откако излезе играта излегоа и првите видеа со поставување на целосни спидран снимки од почеток до крај на самата игра.
Популарноста на оваа игра не се базира на тоа само што е играта одлична, туку и како е направена и создадена со многу труд и љубов кон правењето уникатна игра на студиото девелопери наречени Team Cherry. А кога дадената игра е правена со љубов, гејмерите највеќе ја вреднуваат, бидејќи тоа веднаш се чувствува од играњето на самата игра.
Особено поради тоа што изработката на оваа 2D игра е толку креативна и богата со квалитетни содржини кои недостасуваат и во покомлицирани игри со подобра графика и 3D свет.
Играта Hollow Knight: Silksong чини 19.50 евра, a првата верзија наречена Hollow Knight е 14.79 евра исто така на Steam.
