Платформските игри некако „никогаш не излегуваат од мода“ и актуелност. Можно е голема улога во тоа да игра тоа што секогаш захтеваат основен компјутер, а нудат различни графички прикази, каде и најновите платформски игри ги емулираат постарите во „триста комбинаторики“ на естетики.

Овојпат ви ја претставуваме играта „Astral Ascent“ која е релативно понова јапонска игрa од девелоперите „Hibernian Workshop“ која оваа недела е на бесплатна промоција на „Epic Games“, а промоцијата за да се земе „без пари“ самата игра трае до четврток. 

Приказната има доста интересен вовед, каде се кажува дека ултимативниот негативец наречен „Господарот“ уништува цели планети со тоа што пушта бездушни чудовишта да ги опустушат со насилство и убивање, а преживеаните најспретни херои од сите планети ги собира во астрално поле наречено „Градината“ која воедно е и нивен комплициран затвор. 

Додека „Господарот“ e чуван од 12 чувари наречени „Зодијаците“ назив што потекнува од зборот „Зодијак“ за 12 соѕвездија во хороскопот. За да го убиете „последниот главен“ мора прво да деликатно да се припремите и да си го појачате избраниот лик за еден по еден да ги елиминирате неговите чувари од кои секој е  исклучиво ранлив на различни магии и техники на борба. Што се однесува до „ненаучноста“ и штетноста на Хороскопите воопшто во реалниот свет имаме посебен напис што може да го прочитате овде. 

Во играта има голем број на ликови за бирање, основните се отклучуваат како прогресирате низ играта, а има и платежни ликови кои може да се купат потоа со микротансакции. Најнов таков лик моментално се продава е наречен „Arven The Wolf Blade“: 

„Арвен“ е име измислено од Џон Роналд Руел Толкин во трилогијата добро познатите книги  „Господарот на Прстените“ и се однесува на елфската принцеза Арвен ќерката на Елронд владетелот на елфскиот град Ривендел. Тоа што е интересен факт околу ова име и лик кај Толкин е што во книгата Арагорн (Страјдер) има само кратка средба со неа, а во филмовите на режисерот Питер Џексон тие се пар во љубовна врска што кулминира со брак во последниот филм. Чудно што девелоперите го одбрале токму ова име за херој кое е општопознато на глобално ниво во „гик-културата“. Но ова е потеклото на името, a во буквален превод на „елфскиот јазик“ што го има измислено Токин наречен „Синдарин“ -„Арвен“ просто и директно значи „Млада Дама-Благородничка“. 

Покрај лошата етимологија на избори за имиња што и самите ќе го забележите како фактор низ целата игра „Astral Ascent“ некако почнува како „игра за најмали деца“, но на самиот почеток се прекомплицира дури и при туторијалот со изборот на различни способности, а потоа и понатаму со градење дрва со таленти за можни магии и скилови што со длабок RPG систем за правење билдови. Самата игра е рекламирана дека содржи длабока разгранувачка приказна која се открива само со целосно преигрување со сите други ликови и дека би требало да има голем фактор на „Replayability“ односно да захтева поголем број „вртења на играта“ со цел како сложувалка на наративи да се склопи целосната приказна до крај. 

Но дијалозите се навистина кратки-наспроти ветувањата за длабока приказна. Меѓутоа атмосферата во играта е токму како што е рекламирана со прекрасно сработени околини и пејсажи, додека непријателите се направени како комични верзии од чудовишта што дополнително „ја омекнува“ играта, а наспроти тоа магиите и способности кога ќе извежбате да ги употребувате имаат супер последователен тек и го има оној фактор дека во играта „се осеќа удар“ затоа што и визуелните ефекти и звукот се супер сработени да кореспондираат за дејство со брзи рефлекси кога врзувате комбоа. 

Иако нема многу нови механики за скокање -борбите се најзабавниот дел од играта и тоа како ќе одлучите да ги применувате способностите. Слично како парирањето и дефлектирањето во „Souls“ игрите, ако употребите на пример енергетски штит со тепачот херој, во истиот момент враќа контра удар ако непријателот му е во непосредна близина. 

Системот на можности за различни пристапи на борба се базира на основните елементи од азиска и светска антика комбинирани со удари со раце, нозе и со сечива со многубројни анимации за различни ликови и секакви  светлосни ефекти во вид на праволиниски и кружни блескања или лансирања на разорни деструктивни ултимативни магии.

Бидејќи играта е бесплатна добро се вклопува тоа што нуди и „Co-Op“(„Cooperative Gameplay“) опција, односно играње заедно со пријатели преку интернет, затоа што е од јапонско производство и направена е како да е наменета за повеќе играчи -бидејќи играњето соло и не е така лесно во самата игра каде брзо и ненадејно може да загинете ако не знаете што правите. Кога ќе умрете во играта, се враќате во базата на „Градината“ со мали казнени пенали на намалување на освоените ресурси, каде повторно може да бирате да преиграте ниво кај што сте загинале или да одберете портал што води до сосема друго ниво што би се обиделе да го завршите.

Играта содржи доста добар систем што ве учи низ самата игра како да играте правилно, што од друга страна не е наменет за деца туку за повозрасни гејмери. Но „Astral Ascent“ посекако е со ознака за над 12 годишна возраст, а во глобала нуди супер опција на родителите и старателите да ја играат со своите деца и сето тоа да претставува не така лесен заеднички семеен подвиг- да се совлада платформска видеоигра, како што порано беше типично за првите платформски игри да бидат генерално потешки, сега тоа е тренд што полека но сигурно се враќа во гејмингот воопшто.