По повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, потсетуваме дека во градот и околината постојат многу места на кои се чуваат спомените на борбите преку кои единиците на Народноослободителната војска на  Југославија и партизанските одреди (НОВ и ПОЈ) од Македонија го истерале германскиот нацистички окупатор од градот. Во тоа време Скопје служел како важна стратешка точка на рутата на повлекување на Вермахтот од Грција кон север и утврдените фашистичките сили спроведувале репресалии врз населението да го обесхрабрат отпорот. 

На планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ одборот на 13 македонска ударна бригада во 2008 година има поставено плоча на која  пишува: 

„На ова место во 1944 год. се наоѓаше германски бункер. Командантот на 12 бригада Трајко Стојковски – Бузо нареди II баталјон да изврши напад на буункерот во ноќните часови на 11.11.1944 г. од атарот на село Соње, командното место на штабот на бригадата. Со истрелување на неколку рафала од различни правци со автоматско оружје кон целта, германската посада беше принудена веднаш без отпор да го напушти бункерот, а со тоа беше овозможен слободен пролаз за напад и ослободување на Скопје.  

Во самиот планинарски дом се чуваат и други спомени од битките кои се водени во околината, меѓу други и репродукции на фотографии од партизанските единици кои преку Водно потоа учествувале и во уличните борби со кои два дена потоа е ослободено Скопје.