fbpx

„Пју“: Се намалува сиромаштијата во светот

-

Приближно 700 милиони луѓе ја надминале целосната сиромаштија во првата деценија од овој век, но повеќето од нив остануваат врзани за ниското ниво на приходи, покажуваат резултатите од истражувањето на американскиот Истражувачки центар „Пју“ (Pew Reasrch Center).

Од 2001 до 2011 година, во светот е забележано „историско намалување на глобалната сиромаштија“ со речиси двојно зголемување на тие со „средни примања“.

До 2011 година само 15 отсто од светското население живеело со помалку од два долари дневно, што е под границата на сиромаштијата, во однос на 29 отсто, колку што биле на почетокот на векот.

Од оние кои најмногу се искачиле, повеќето се од категоријата „ниски приходи“ и живеат со два до десет долари дневно.

Приближно 56 отсто од светското население останува на тоа ниво, во однос на 50 отсто колку што биле во 2001 година.

Бројот на оние со средни и со високи средни приходи (меѓу 10 и 50 долари дневно) е зголемен од 14 на 22 отсто, што укажува дека напорите за формирање солидна „средна класа“ се движат многу бавно.

Според истражувањето, најмногу од оние кои ја надминале сиромаштијата живеат во Кина, Јужна Америка и во Источна Европа.

Во истиот период „едвај е проширена“ средната класа во Индија, Југоисточна Азија и во Средна Америка.

Јазот меѓу стандардот на економски напредните земји и земјите во развој во првата деценија од векот е за малку намален, се наведува во студијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...