Ученици од Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“, од класите на професорките по пијано м-р Светлана Димитриевска и м-р Дејана Толовска Арсова, вечерва одржаа пијано концерт во концертната сала во училиштето.
„Најважно е децата да имаат јавни настапи бидејќи тие се дел од нивната едукација. На настап се соочуваат со тремата, но и им се зајакнуваат карактерот, самодовербата и дисциплината. Програмата беше динамична, внимателно конципирана и разновидна, се погриживме да биде интересна и за децата и за публиката“, изјави професорката Светлана Димитриевска.
Концертот понуди разновидна музичка програма, a публиката ги награди настапите на учениците со аплауз.
