Пијан возач со украдено возило искршил рампи на наплатна станица кај Неготино

Полицијата принудно го запрела дивеењето на неготинецот, за кого било констатирано и дека го управувал возилото пред да се стекне со возачка дозвола и со 1.54 промили алкохол во крвта

-

Министерството за внатрешни работи информира дека е лишен од слобода неготинец, кој украл возило и возејќи под дејство на алкохол и без возачка дозвола искршил рампи на наплатни станици на автопат во близина на Неготино. Полициските службеници го уапсиле М.Д.(26) од Неготино кој украл „ауди“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(38), кое било паркирано во двор во Неготино.

Со возилото уапсениот скршил рампа на наплатна станица „Виничани“, во правец на Велес, а по кратко време повторно скршил рампа на наплатната станица „Виничани“, но во правец кон Неготино. Полицијата принудно го запрела дивеењето на неготинецот, за кого било констатирано и дека го управувал возилото пред да се стекне со возачка дозвола и со 1.54 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени поднесоци за прекршоци и кривични дела.

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што објаснуваат...

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 22 мај информираше дека во земјава се потврдени првите два случаја на мајмунски сипаници. Двата пациенти суспектни на мајмунски сипаници, од Клиниката за кожни болести,...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе...