Петнаесетгодишно момче влегло во полициска станица во босанскиот град Босанска Крупа и убодело двајца полицајци – едниот загинал, другиот бил хоспитализиран и е во стабилна состојба, пренесува „Н1“.
Обвинителот на Унско-санскиот кантон (УСК) го прогласи нападот за тероризам.
„Неиспровоцирано, откако влегол во просториите на полициската станица Босанска Крупа, малолетниот С.Е., роден 2009 година, со нож избодел и повредил двајца полициски службеници. За жал, едниот почина на пат кон болница, а другиот е стабилен по операцијата и очекуваме да му се подобри состојбата“, изјави Аднан Бегановиќ, портпарол за Министерството за внатрешни работи од УСК.
Малолетникот бил веднаш уапсен и е под полициски надзор. Во Босанска Крупа вчера биле засилени мерките за безбедност, а во текот на ноќта речиси насекаде имало полицајци.
„Што и да кажеме во овој случај е малку, но и многу. Ние сме мирен и толерантен град и тоа што се случи не шокираше сите. Едноставно не можеме да веруваме дека ова се случило во Босанска Крупа, бидејќи тоа е град во кој нема поголеми проблеми“, изјави Армин Халитовиќ, градоначалникот на Босанска Крупа.