Властите во американската држава Вашингтон утрово соопштија дека пет лица биле убиени во пукање во дом во близина на Сиетл и дека 15-годишно момче е во притвор за убиствата.

Според соопштението на шерифот на округот Кинг, убиени се три деца и двајца возрасни, пренесе Ројтерс. Повредена е и девојка која живеела во куќата.

Официјални лица пред новинарите изјавија дека осомничениот бил приведен без инциденти.

Во моментов нема информации дали инволвираните се членови на исто семејство, а претставници на истражните органи изјавија дека сè уште се работи на утврдување на мотивот за насилството.