fbpx

Петков: Руските шпиони во ДАНС работеле против добрососедските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија

-

Агентите на бугарската Државна агенција за национална сигурност – ДАНС, кои во Бугарија се осомничени за шпионирање во полза на Русија, работеле во насока – Западен Балкан да нема европска иднина и односите меѓу Бугарија и Северна Македонија да не се добри, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарската телевизија, бТВ.

Како што пренесува медиапул.бг, Петков рекол дека е задоволен што ДАНС сама се справила со проблемот и што двете лица нема да работат повторно на ова прашање.

„Така што од оваа гледна точка, за мене е многу важно да знам дека очигледно имаме руска интервенција во Бугарија, конкретно за Западен Балкан и Северна Македонија“, изјави Петков.

Специјалното обвинителство на Бугарија почна истрага за двајца вработени во ДАНС и за еден вработен во министерство кое што не е точно посочено, но се знае дека не станува збор за Министерството за внатрешни работи.

Истовремено, бугарското Специјално обвинителство соопшти дека првиот секретар на руската амбасада во Софија работел заедно со осомничените членови на шпионската група во ДАНС.

Како што пренесе медиапул.бг, главниот обвинител Иван Гешев ја известил министерката за надворешни работи Теодора Генчовска која ќе преземе мерки за протерување на Русинот од земјата.

Поврзаноста на шпионската група со руската амбасада претходно во текот на денот ја соопштил шефот на ДАНС, Пламен Тончев.

Никој од тројцата осомничени за случајот досега не е приведен. Не е покренато ниту обвинение. 

„Не се двоумевме да преземеме мерки, вклучително и против нашите вработени, без разлика на нивното ниво, за да можеме да ги исчистиме структурите на агенцијата од елементи за кои нема место“, изјавил Тончев.

Тој додаде дека по собраните податоци од агенцијата, во средата попладне го известиле обвинителството. Врз основа на нивните податоци била започната предистражна постапка и биле преземени „потребните дејствија“.

Еден од обвинетите кои се осомничени бил раководител на сектор, а другиот началник на оддел во агенцијата. Тие работеле во ДАНС поеќе од пет години и досега биле идентификувани како добри работници.

„Но, по последниве години, агенцијата била цел на руското разузнавање. Оттаму ги отфрлаат наводите дека службата е полна со руски шпиони, потсетувајќи дека десетици вработени во руската амбасада биле отпуштени во последните две години“, пишува медиапул.бг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...