Петчасовен музички фестивал во сабота на „Школка“

Фото: ИДЕА ЛАБ

Петчасовен музички фестивал „Crazy Summer Festival“, организиран од страна на истоимената светска компанија за мобилни игри, CrazyLabs, ќе се оддржи утре, (02.07.2022)  во Граскиот парк кај „Школка’“ со почеток во 17 часот.

Како што најави организатоторот, посетителите на фестивалот ги очекува богато мени со храна и ладни пијалоци, а за забавата ќе бидат задолжени Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Тони Зен и ДиЏеј Бугимен.

Освен претстојните музички настапи на македонски музички ѕвезди во петчасовната забавна програма, од организацијата на настанот најавуваат и голем број игри и интересни изненадувања.

За сите присутни ќе бидат достапни креативни и забавни предизвици, а за најсреќните и најактивните ќе следуваат вредни подароци. Влезот е бесплатен.