fbpx

Пет починати и 29 новозаболени пациенти од корона вирусот, вкупно заразени 599 лица

-

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починале четворица пациенти заболени од корона вирусот пациент од Куманово (52), пациентка од Лабуништа, Струга (65), пациентка од Челопек, Тетово (62) и една пациентка од Штип (81).

Од таму додаваат дека во Куманово дома починал уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на корона вирусот. По градови најмногу има во Скопје – 15 и Куманово – 7, Струга и Кочани по тројца и еден во Прилеп. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на корона вирусот се регистрирани во Скопје – 254, Куманово – 128, Дебар – 49, Штип – 20, Прилеп – 34, Тетово – 29, Струга – 28, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 3, Радовиш – 4, Крушево – 2 и Кочани – 17.

„Во изминатото деноноќие направени се 386 теста. Од нив преку ИЈЗ- 229, преку Ветеринарен факултет-8, Авицена – 22, Биотек – 22 и Фипил Втори (Жан Митрев) –105. Досега во земјата се направени  5.879 тестирања на Ковид-19,“ информираат од Министерство за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...