fbpx

Пет нови линии со „Виз ер“

-

Со денешното испраќање на новите летови за Осло и за Фридрихсхафен, компанијата што оперира со македонските аеродроми го прослави отворањето на петте нови рути од „Александар Велики“: Осло, Фридрихсхафен, Барселона, Нинберг и Хамбург.

– Петте нови дестинации со авиокомпанијата „Виз ер“ до Осло, Фридрихсхафен, Барселона, Хамбург и до Нинберг, се одлична можност за сите што сè уште не се одлучиле каде да го поминат одморот. Се разбира, очекуваме и доаѓање на туристи и на бизнисмени на овие линии, како и полесно и почесто доаѓање во татковината на нашите сограѓани што живеат во овие и во околните земји. „ТАВ Македонија“ е целосно посветена на пружање добра услуга на нашите патници – изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Тој додаде дека со отворањето на овие нови авиолинии, се очекува понатамошен пораст на сообраќајот и на бројот на патници на „Александар Велики“.

Петте нови линии до европските градови ќе ги има двапати неделно. За Фридрихсхафен и за Осло во понеделник и во петок, за Барселона во вторник и во сабота, додека за Хамбург и за Нинберг во среда и во недела.

Лани скопскиот аеродром „Александар Велики“ доживеа значајна пресвртница, достигнувајќи еден милион патници на годишно ниво, само во првите 10 месеци.

Минатата 2014 година „ТАВ Македонија“ опслужи речиси 1,3 милиони патници и притоа забележа пораст од 20 проценти на годишно ниво, на двата аеродроми – скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...