fbpx

Пет децении македонската дипломатија гради мостови за соработка со странство

-

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Дипломатскиот клуб – Скопје, денес во Министерството за надворешни работи се одржа Конференција „50 години македонска дипломатија”. На конференцијата свое обраќање имаа министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на Дипломатскиот клуб, амбасадорот Виктор Габер и амбасадорот на Република Словенија во нашата земја, Милан Јазбец.

Никола Димитров се осврна на 50 – те години раст и развој на македонската дипломатија и на Министерството за надворешни работи, како и на предизвиците со кои се соочува дипломатската служба во денешно време.

– Работата на дипломатијата е да гради мостови, да прави пријателства и да отвора врати и перспективи. Треба да обезбедиме видливост, препознатливост и да продолжиме да создаваме нови пријатели и да ги одржуваме старите пријателства. не можеме да чекаме работите да се случуваат сами по себе – изјави министерот Димитров.

Министерот Никола Димитров се осврна и на стратешките цели, како и на визијата на државата по однос на регионалните и мултилатералните прашања.

– Европската унија претставува врвен приоритет на нашата надворешна политика. Нашата крајна цел е преку процесот на европско пристапување да создадеме предуслови за зрело и одговорно демократско општество – посочи тој.

На вториот дел на Конференцијата, пред присутните, свои обраќања имаа и заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, Државниот секретар Зоран Попов, дипломати и амбасадори во Министерството за надворешни работи, информираат од МНР.

Конференцијата „50 години македонска дипломатија“ се одржува по повод одбележување на јубилејот – пет децении од формирањето на Бирото за односи со странство во 1969 година, коешто е претходник на современото Министерство за надворешни работи на Македонија, етаблирано на Денот на независноста во 1991 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...