Во последното деноноќие во дражвата се активни пет пожари, еден е под контрола, а 33 се изгаснати, пренесува Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во Чашка, Штип и Лозово. Два од активните пожари се во општината Студеничани. Гори мешана шума, норова шума, ниска вегетација, сува трева и нискостеблеста шума.
Под контрола е пожарот на Галичица, каде е забележано чадење од внатрешноста.