fbpx

Пешевски: Ќе има огревно дрво

-

„Очекуваме целосно стабилизирање на состојбата со огревно дрво и сите што имаат потреба ќе бидат снабдени по минатогодишните цени. Испораката на дрва е интензивирана во целата држава, а евентуалниот недостиг „Македонски шуми“ ќе го надомести со увоз“, информира вчера вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Цената на огревното дрва, истакна Пешевски, е задржана на истото ниво од лани и не се точни шпекулациите дека во текот на целата сезона цената ќе оди над 3.000 или 3.500 денари.

Според Пешевски, Владата ја следи состојбата, а цената на дрвата на „Македонски шуми“ и количествата што ќе ги испорачаат, гарантираат стабилизирање на истото ниво од минатата година.

– Бидејќи побарувачката е поголема, „Македонски шуми“ презема активност евентуалниот недостиг да го надомести од увоз на дрва, активност што, исто така, е координирана од Владата на РМ. Испораките веќе течат, денеска гледаме дека се снабдува и пазарот во Скопје. Очекуваме целосно стабилизирање на состојбата со огревното дрво, сите количества ќе бидат снабдени на пазарот – изјави Пешевски.

Граѓаните, нагласи Пешевски, не треба да бидат загрижени дека ќе има недостиг од дрва и треба да почекаат и цената кај приватните складови да се стабилизира.

Јавното претпријатие „Македонски шуми“, информира директорот Жарко Караџоски, од 1 до 22 септември испорачало речиси 70.000 кубни метри дрво на ниво на Македонија, а во исто време заедно со приватните шуми тој број достигнал 95.000 кубни метри.  Тоа, според Караџоски, значително придонело да се задоволи пазарот со дрва, односно да се зголеми конкуренцијата на огревно дрво, а исто така влијаело и кај сите други складови цената полека да се нормализира, да опаѓа и да дојде на ланско ниво.

Според Караџоски, интензивирана е испораката на дрва не само во Скопје туку секаде, а „Македонски шуми“ ќе ги исполни преземените обврски и ќе ја изврши испораката во определениот рок.

– Она што денеска се испорачува се нови уплати, што значи дека може да се прават и нови уплати. За сите граѓани максимално ќе излеземе во пресрет до крајот на годината бидејќи годинава побарувачката е зголемена. „Македонски шуми“ до овој период има испорачно повеќе од 36.000 кубни метри дрва во однос на лани, а годината ќе заврши со околу 100.000 кубни метри повеќе од лани и ние тоа ќе го сработиме – изјави Караџоски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...