fbpx

„Перцепција“, нов сјаен бисер на Иванов

-

„Тоа што е извештај на „Фридом хаус“ е перцепција, тоа не е на основа на факти или аргументи и на основа на одредени документи туку на основа на перцепција, која е создадена од нашите медиуми“, рече претседателот Ѓорге Иванов во вчерашното интервју на телевизија „Телма“ во емисијата „Топ-тема“.

Во текот на својот мандат, претседателот Иванов имаше неколку гафови како „разумен компромис“, „космодиск демократија“ и намигнувањето со претседателот на САД, Барак Обама, кои, исто така, беа забележани од корисниците на социјалните мрежи.

Оваа изјава, дека состојбата на медиумите во Македонија е „перцепција“, инспирираше низа коментари на социјалните мрежи.

Фејсбук статуси

Тео Блажевски
ПЕРЦЕПЦИЈА
Имам мачна перцепција, дека еден лик што има лажна перцепција за себе дека е некаков претседател, ги мрази медиумите и новинарите, само затоа што има перцепција дека не го сакале, та воопшто не известувале за неговите бројни „државнички активности“. За тој лик кој се одзива на името Ѓорѓе, медиумите се сами виновни што се нашле во ваква ситуација.

Медиумската заедница во Македонија, безомразно се разбира, треба соодветно да реагира на ваквите „перцептивни“ ставови на ликот што има перцепција дека е претседател – веднаш!

Марјан Забрчанец
Затворањето на А1 и сестринските весници, апсењето на Кежаровски, куртон вестите на Сител во кои 7 од 10 прилози се нарачани од премиерот, гасењето струја заради прекин на програма во Канал 5, бркањето новинари од работа, заканите за бркање новинарки од МРТ, фашизмот и хомофобијата што се сеат преку Миленко, Вечер и компанија…
Се’ е тоа “ПЕРЦЕПЦИЈА”!

Но, не е перцепција, туку стварност дека човекот што на државна сметка дреме во претседателската вила на Водно, смета дека во потрагата по гласачи е нормално да гостува во емисии каде се спремаат бетонски плочи за демократските мислители и активисти.

Боби Илиевски
Со оглед на тоа што Хорхе се прогласи самиот себе за церемонјал мајстор подобро ке беше Маја да даде интервју,а, секако и поинтересно

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...