fbpx

Пензионерите од Охрид се незадоволни од одлуките на централното раководство

-

Претставници на пензионерите кои се противат на меморандумот за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, попишан од претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски, денеска одржаа заедничка средба со раководството на Здружението на пензионери за Општина Охрид и за Дебрца.

Во писмениот поднесок и непосредниот разговор, тие нагласија дека меѓу широкото членство на пензионери присутно е огромно незадоволство и отпор кон постапките и одлуките на централното раководство во Скопје, а за што како пензионери се информирани од медиумите.

Десет илјади пензионери од Охрид бараат одговор на прашањето дали претходно, во однос на потпишување на меморандумот, биле информирани и дали дале согласност органите на Здружението, како и двајцата делегати во собранието на Сојузот?

Доколку Здужението не било информирано и не дало согласност, претставниците на незадоволните пензионери побараа, најдоцна до почетокот на изборниот молк, Здружението јавно да се огради од меморандумот за да се избегнат понатамошни штети.

Тие предочија дека раководството на Сојузот сè повидливо ги напушта основните принципи и статутарната поставеност, со што ја губи независноста и самостојноста.

Раководството на Здружението вети дека сите барања на незадоволните пензионери, ќе бидат разгледани на органите, на предновогодишното собрание, закажано за крајот на месецов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...