fbpx

Пентагон потврди дека руски борбен авион го нарушил воздушниот простор на Турција

-

Министерството за одбрана на САД потврди дека руски борбен авион „су-34“ го нарушил турскиот воздушен простор во петокот, се вели во соопштение на портпаролот на Пентагон.

– Може да потврдиме дека вчера уште еден руски борбен авион го повреди турскиот и воздушниот простор на НАТО – изјави портпаролот на Пентагон, Марк Рајт.

Вашингтон ги повика и Москва и Анкара да преземат мерки за да се спречи ескалација.

Вчера Турција тврдеше дека руски борбен авион „су-34“ го нарушил турскиот воздушен простор и поради тоа е повикан рускиот амбасадор во Анкара.

Како што беше наведено во соопштението на турското министерство за надворешни работи, пилотот на рускиот авион е предупреден на руски и на англиски јазик пред да влезе во воздушниот простор на Турција.

Руското министерство за одбрана ги демантираше тврдењата на Турција дека завчера рускиот воен авион го нарушил турскиот воздушен простор.

– Немало никакви нарушувања на воздушниот простор на Турција од авиони на руската авиогрупа во Сириската Арапска Република. Тврдењата на турската страна дека руски авион „су-34“ го нарушил воздушниот простор се чиста пропаганда. Уверен сум дека турските експерти по противвоздушна одбрана знаат дека радарите, кои вршат контрола на воздушниот простор, можат да ја фиксираат само височината, курсот и брзината на објектот во воздух. Ниту еден радар не е способен да го утврди типот и државната припадност на воздушниот објект, дали тој е на Русија или на коалицијата, предводена од САД – изјави портпаролот на Министерството, Игор Конашенков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...