fbpx

Пендаровски во официјална посета на Германија

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија, соопштија од претседателскиот кабинет.

Пендаровски ќе има одвоени билатерални средби со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас.

При посетата, претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на институтот „Аспен“ во Берлин.

Посетата на Пендаровски уследува по седницата на Европскиот Совет на која беше одлучено дека одлуката за доделување датум за почеток на преговорите на Македонија да се донесе на следна средба, најдоцна до октомври годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...