fbpx

Пендаровски со волонтери од Црвениот крст: Вие сте светол пример, само продолжете така

-

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Црвениот крст се сретна и поразговара со неколкумина волонтери, им честиташе за нивниот ангажман, мотивираност и пожртвуваност во овие тешки времиња, без притоа да имаат за себа било каква материјална или финансиска добивка.

„Воодушевен сум од тоа што го правите. Можам само да ве замолам да издржите, бидејќи оваа ситуација најверојатно ќе продолжи и во следниот период.  Сакам да ви се заблагодарам, како човек, не како претседател. Вие сте светол пример и само продолжете така“, истакна претседателот Пендаровски. Тој истовремено преку видео врска поразговара и со претставници од оперативниот центар, со тимовите на општинските организации на Црвениот крст на Карпош и на Битола и го слушна досегашното искуство во справување со пандемијата на КОВИД-19 на тимот на Црвениот Крст, кој им даваа и помош на мигрантите и бегалците сместени во транзитниот центар во Табановце.

Активностите на Црвениот крст се реализираат исклучиво со помош и поддршка на околу 7.500 волонтери, а подразбираат купување и достава на намирници за храна и лекови, плаќање сметки, помош и поддршка на мигрантите и на бегалците, на бездомниците, како и секаков вид на помош на повозрасните граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...