fbpx

Пендаровски со честитка до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

-

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото Раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, информираат од претседателскиот кабинет.

„Дозволете да упатам искрени честитки до сите верници кои го празнуваат големиот христијански празник, Христовото Раѓање Божиќ по Грегоријанскиот календар и да ви посакам празничните денови да ги поминете во добро здравје исполнети со љубов, радост и среќа“, стои во честитката на Пендаровски до верниците.

Во честитката се наведува и дека христовото раѓање како празник на светлината, дарувањето и љубовта, на крајот од секоја календарска година им дава смисла и значење на нашите краткотрајни земни животи напојувајќи нѐ со надеж и верба.

„Токму на Божиќ со чиста мисла и добра волја да се обединиме правејќи добри дела и споделувајќи љубов и грижа. И покрај сите кризи, искушенија, предизвици, да останеме оптимисти и да шириме позитивна енергија. Да овозможиме Божиќниот дух да се всели во нашите срца, во нашите домови, во нашите соседства, во целата заедница. Сплотени и солидарни да создаваме дела што ќе останат запаметени од идните генерации и ќе ја облагородат сегашноста. Да се почитуваме и помагаме, да даруваме повеќе“, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...