fbpx

Пендаровски се сретна со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен

-

Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на НАТО Самитот оствари кратка средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, соопштија од кабинетот на претседателот.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на американската поддршка за македонските европски аспирации, како и помошта во конкретни области, вклучувајќи го унапредувањето на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На средбата беа реафирмирани одличните билатерални односи меѓу САД и Северна Македонија, при што беше оценето дека почетокот на Стратешкиот дијалог месецов претставува важен исчекор во развојот на односите меѓу двете држави и конкретна имплементација на Стратешкото партнерство.

Во однос на безбедноста на европскиот континент, и влијанието на руската инвазија врз Украина на стабилноста на европскиот континент, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија е подготвена за споделување на предизвиците како полноправна земја членка на НАТО. Тој посочи дека членство на Шведска и Финска во НАТО ќе придонесе за зајакнување на безбедноста во Европа и на НАТО во целина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...