fbpx

Пендаровски: Сакаме да градиме демократско општество во кое младите ќе добијат шанса да успеат дома

-

По повод Денот на Европа и Ден на победата над фашизмот, претседателот Стево Пендаровски упати честитка со која вели дека македонското општество уште од незавиноста во 1991 година, ја избра Европската Унија како своја стратешка цел, прифаќајќи ги европските вредности на демократија, владеење на правото, економска соработка и просперитет за своите граѓани.

„Оваа година се оствари сонот на многу генерации, ја добивме одлуката за почеток на преговорите за членство, наскоро очекуваме да се определи преговарачката рамка, а по нејзиното одобрување да го почнеме пристапниот процес со првата меѓувладина конференција“ се вели во честитката на претседателот.

Тој посочува дека пандемијата предизвикана од Ковид-19 ја покажа на дело важноста да се биде дел од европското семејство и поддршката која оваа заедница може да ни ја обезбеди за стабилност и просперитет.

Пендаровски упати и порака по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот.

„За време на Втората светска војна, и граѓаните на Македонија преку НОБ и партизанското движење, ја одбраа вистинската страна, одлучувајќи да се соочат со фашистичкото зло и да се борат да ја ослободат својата татковина за да и обезбедат просперитетна иднина. Нашата определба е да бидеме дел од Европа во која се почитуваат слободите на сите народи, да градиме отворено, праведно, солидарно и демократско општество во кое секој ќе се чувствува еднакво вреден, а младите ќе добијат шанса да успеат дома. Да го искористиме 9 Мај да се потсетиме дека мирот и благосостојбата на општествата немаат цена, а соработката и солидарноста се клучни ако сакаме да имаме развој и просперитет“ порача шефот на државата.

Честитки по овој повод упатија и другите државни функционери, како и партиските лидери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...