fbpx

Пендаровски: Одложувањето на изборите за месец или два нема да биде пропаст на светот

-

Ако се одложат изборите за месец или два, тоа нема да биде пропаст на светот, рече на денешната прес-конференција претседателот Стево Пендаровски.

Тој додаде дека евентуалната одлука за одложување на изборите треба да се донесе со консензус на сите политички страни.

Според него, може да се спроведе кампања на социјалните мрежи, но постојат категории на граѓани кои немаат пристап до социјалните мрежи.

„Според сите препораки од ОБСЕ и други организации, граѓаните мора да бидат добро, сеопфатно и целосно информирани за да донесат одлука на ден на избори. Јас имам резерва за денот на избори. На нашите парламентарни избори во просек гласаат милион луѓе на 3.000 гласачки места, со пет члена во одборите. Ден претходно се спроведува гигантска операција за пренос на материјалот и на крајот материјалот се предава на изборните комисии кога се калкулираат резултатите,“ рече Пендаровски.

Тој додаде дека во светот не се спроведени избори во ваков амбиент, освен во Израел, каде инфицираните гласаа на посебни гласачки места.

„Таму сите беа облечени со скафандери, имаше медицински тимови, но тоа беше направено за мала бројка на луѓе,“ објасни Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од вкупниот број запишани гласачи - 1.814.317. Најголема излезност има во Општина Новаци, над...