fbpx

Пендаровски: Очекувам партиите да организираат безбедна и достоинствена кампања, а граѓаните да гласаат без страв

-

На почетокот на изборната кампања за парламентарните избори, претседателот Стево Пендаровски денеска порача дека очекува партиите да се однесуваат достоинствено, граѓаните да гласаат без притисоци и страв, а сите да се погрижат за тоа да се спречи ширењето на корона вирусот.

„Апелирам до сите учесници во изборниот процес да придонесат овие избори да бидат фер, слободни и демократски, како што и се обврзаа со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори. Очекувам сите политички партии да организираат кампања во која учеството ќе биде безбедно за сите, и за кандидатите и за граѓаните. Очекувам од сите политички партии достоинствена кампања, со високо ниво на политичка култура, без дискредитации. Очекувам инклузивна кампања во која ќе учествуваат сите маргинализирани групи и малцинства, во која ќе биде застапуван и нивниот интерес. Почитувани граѓани, ве повикувам да излезете и да гласате по свое лично убедување, без страв и без притисоци. Одлучете сами на која политичка опција и за каква политика ќе го дадете својот глас и својата доверба“, порача Пендаровски.

Потсетувајќи дека изборите се одржуваат во време на пандемијата на КОВИД-19, тој порача дека на сила ќе бидат посебни здравствени протоколи со цел да им се овозможи на сите граѓани кои ќе одлучат да го искористат своето уставно загарантирано право на глас, да го сторат тоа во безбедни услови и со соодветна заштита.

„Драги сограѓани, постапувајте според протоколите за безбедност и заштита при одвивањето на севкупниот процес на избори. При гласањето бидете заштитени, почитувајќи ги мерките, протоколите и држете пропишано растојание“, рече Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...